Македонската филхармонија денеска од 20 часот ќе го одржи концертот „Ехо“, на кој како солист ќе настапи грузискиот пијанист Давид Хрикули, под диригентство на францускиот маестро Сами Рашид. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов и Симфонијата бр. 4 во Ес-дур од Антон Брукнер.
Хрикули е еден од најистакнатите млади пијанисти на меѓународната сцена и финалист на престижниот Меѓународен пијано-натпревар „Шопен“ во 2025 година. Рашид, пак, е асистент-диригент на Бостонскиот симфониски оркестар и диригент со сè позабележителна меѓународна кариера.


