На 1 декември во МКЦ, Кино Фросина со почеток од 19.30 часот, ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР и оваа година ќе одржи традиционален новогодишен концерт, вечер исполнета со музика, ритам и празнична атмосфера.
На програмата се безвременски хитови, џез-класици, филмски мелодии и препознатливи музички теми, во уникатни оркестарски аранжмани.


