Концерт на „Мизар + Хармосини: ГЛАСОВИ“ во Хармонија

Сподели

ЕКОТИП со огромно задоволство ви го претставува концертот „ Мизар + Хармосини: ГЛАСОВИ “.

На 12 мај 2024 год. во Македонската филхармонија, за прв пат по повеќе од деценија на сцена заедно ќе застанат култните Мизар и византискиот хор Хармосини, Придружувани од 17-члениот ансамбл. Ќе бидете поведени на патување низ бисерниот музичкиот каталог на Мизар, со оркестрации кои премиерно ќе прозвучат на овој уникатен настан.

Инспирирана од македонскиот фолклор и авангардниот бран на ХХ век, а длабоко вткаена во византискиот мистикос, програмата на овој концерт ќе биде презентирана од внимателно избрана група од најдобрите македонски музичари предводени од лидерот на Мизар – Горазд Чаповски, црковниот хор Хармосини и аранжерот и диригент Дени Омерагиќ.
Билетите се достапни на сите продажни места и на следниот линк на билет сервисот на ticketx.mk: https://ticketx.mk/events/mizar

Важна информација – билетите се пред распродавање!

Подетално за сите информации и резервации на 078 52 05 52 !