Концертна промоција – Нов сингл на Горан Папаз и Влатко Стефановски

Сподели

 

Горан Папаз пред скопската публика ќе одржи солистички концерт, каде ќе бидат отсвирени неговите авторски нумери и неколку преработки на наши познати мелодии.
 
На концертот ќе биде испромовирана и новата песна, “Овој Момент“, која е во соработка со маестралниот Влатко Стефановски.
 
На концертот како специјален гостин ќе се појави и Маја Гроздановска Панчева која ќе ги отпее нејзините безвременски хитови.
 
Бендот се состои од гитаристот Танче Гроздановски, пијанистот и диригент Иван Еминовиќ, тапанарот Сашо Стојановски и DJ Foodieman.
 
Концертот ќе започне во 21 часот на 20 Април (среда) во Public Room.“