Алтернатива Настани

КОРАПСКИ ВОДОПАД ( ПРОЈФЕЛСКИ ВОДОПАД)

Сподели:

MDkorapskivodopadsportskinastani

с.Рибница, 5 Јуни, 06:00ч

На 05.06.2016 (недела) ДПС Трансверзалец организира планинарска акција за искачување до Корабски Водопад од с. Рибница

Корапскиот водопад (Пројфелски водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

  • Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада – превој Пралуга – Длабока река
  • Должина на патека вкупно: 23 км
  • Времетраење: еднодневна акција
  • Цена за превоз: 600 ден
  • Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
  • Пријавување : најкасно до 03.06.2016

Во 12.30 – 13 ч. Е предвидено пристигнување кај водопадот

Акцијата завршува во 19 ч. со пристигнување назад во с. Рибница

Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури

Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.

Напомена:

Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.

Информации и пријавување на тел: Зоран Костадинов 070/641-998

Сподели: