Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2022

Сподели

 

Најголемиот глобален натпревар за креативни индустрии – Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2022 ќе се одржи на 27 мај (петок), а победникот ќе има единствена можност да ја претставува Северна Македонија на Глобалното финале кое ќе се одржи во Копенхаген, Данска, на 27-28 јуни.

Следејќи го развојот на креативните индустрии во Северна Македонија и потенцијалот кои го имаат како стартап компании, а воедно инспирирани и од нивниот интерес за минатогодишниот Креативен Бизнис Куп Северна Македонија 2021, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка со Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ оваа година го организираат вториот по ред Креативен Бизнис Куп 2022!

Креативниот Бизнис Куп (Creative Business Cup) е единствен меѓународен натпревар за иновативни бизнис идеи, производи или услуги од креативните индустрии кои имаат потенцијал да растат на глобално ниво.

Со поддршка од Creative Business Network (CBN) натпреварот се одржува во над 70 земји од светот и како таков Креативниот Бизнис Куп претставува единствена можност за македонските стартап компании да ја презентираат својата бизнис идеја пред жири составено од домашни и странски експерти, инвеститори и претприемачи.

Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022, ќе се одржи на 27 мај (петок), а пријавувањето за сите заинтресирани стартапи е отворено до 15 мај 2022 преку следниот линк.

Победникот на Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022 ќе биде национален претставник на Глобалното финале на Креативниот Бизнис Куп кој ќе се одржи на 27-28 јуни во Копенхаген, Данска.

Кој може да учествува?

Креативниот Бизнис Куп е наменет за сите стартапи и мали и средни претпријатија кои работат во културата и креативните индустрии – архитектура, занаетчиство, дизајн, технологии на искуства, мода, филм, гастрономија, компјутерски игри, 3Д, играчки и игри и други (види повеќе во ЧПП).

Што треба да поседува еден натпреварувач?

  • креативни и иновативни решенија – без разлика дали сте во фазата на развој на идеја, или вашиот бизнис веќе функционира, сè додека вашата бизнис идеја нуди иновативни и креативни решенија, вие сте потенцијален учесник (а воедно и победник) на КБК Северна Македонија 2022;
  • бизнис идеја која нуди решение / производ / услуга од која пазарот има вистинска потреба;
  • сопствена идеја за решение / производ / услуга.

Зошто вие и вашиот бизнис да бидете дел од Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022?

  • да ја презентирате вашата идеја пред експертско жири и домашната публика и да добиете корисни совети за вашиот бизнис
  • да се запознаете и вмрежите со други бизниси и експерти
  • да ја искористите можноста да сте едни од трите национали победници
  • да станете дел од Креативната бизнис мрежа и можностите кои ги нуди (можности за финасирање, тренинзи, обуки, партнери и сл)

Победникот на Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022:

  • ќе земе учество на глобалната академија на Креативниот Бизнис Куп која ќе се одржи во јуни, и ќе има единствена можност за интензивно надоградување на вештините заедно со стартапи од целиот свет.
  • ќе ја претставува Северна Македонија на Глобалното финале на Креативниот Бизнис Куп 2022 кое ќе се одржи на 27-28 јуни во Копенхаген, Данска (целосно покриено патување за двајца членови на тимот).
    Трите победнички тима (прво, второ и трето место) ќе имаат можност да ја претстават својата идеја на Ноемврискиот саем за културни и креативни индустрии во Северна Македонија, организиран од  Balkan Cinema Cities Regional Fund, една од членките на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ.

Запознајте го минатогодишниот национален претставник на Креативниот Бизнис Куп 2021

ArchX Studio – архитектно студио со иновативна бизнис идеја за open work hub – EnergyBOX.    
Иновативен начин на замена на традиционалниот работен простор со нов концепт – работно катче во природа, со пристап до интернет и електрична енергија. EnergyBOX е енергетско ефикасно решение кое е снабдува со електрична енергија преку соларни панели и е лесно пристапно за луѓе со попреченост. Овој концепт на отворен работен простор е дел од идејата и концептот за развој на т.н. паметни градови (smart cities), со фокус на максималното искористување на јавните површини како простор за работа, полнење на електрични уреди, како и пристап до стабилен и брз интернет на ефикасен и ефективен начин.

Доколку се обезбедат дополнително награди од спонзори и партнери истите ќе бидат дополнително објавени.

Линк до веб-страницата на натпреварот

Директен апликациски линк

Линк до објава на настан на фејсбу за следење на сите детали