“ЛАЈКА” го спаси ФАНТА – вдомен од прекрасен млад пар

Сподели

 

Во рутинска обиколка на терен, тимот на ЈП Лајка го пронајде Фанта.
“Сам, напуштен, изгладнет и жеден немаше друг избор освен да ни верува” – велат вработените.

Веднаш беше сместен во карантинскиот дел од каде што започнаа сите потребни прегледи и крвни анализи. За среќа тестовите покажаа дека Фанта е целосно здрав и може да биде кастриран.

По хуманиот третман беше префрлен во одделението за вдомување. За кратко стана миленик на негователите, кои длабоко во себе знаеа дека дружбата нема да трае долго и дека Фанта наскоро ќе биде вдомен.

Така и беше, среќата му се насмевна кога прекрасен млад пар аплицираше на vdomi@lajka.com.mk

Првата средба беше љубов на прв поглед, а по втората Фанта веќе беше полноправен член на прекрасно семејство.