Вакцинацијата против сезонскиот грип е најсигурна заштита од тешки облици на грип и компликации, особено за хронично болните, постарите лица и бремените жени.
Министерството за здравство вложува напори вакцините против сезонски грип да бидат што побрзо обезбедени, за вакцинацијата на ранливите категории граѓани да почне според планираното.
Вакцините против сезонски грип доцнат поради проблеми во нивното производство на глобално ниво, но од Министерството за здравство велат дека се прават напори тие да бидат обезбедени во текот на овој месец. Оттаму информираат дека на објавениот тендер за набавка не пристигнала ниту една понуда, нагласувајќи дека причината не е во домашната постапка, туку во специфична одлука на светските здравствени власти.
Според надлежните, оваа година Светската здравствена организација и американската агенција ФДА првпат одеднаш ги ажурираа сите три вирусни соеви кои влегуваат во составот на вакцината.
фото МЗ


