Музика и Филм

Најзабавните факти за “Дали има пилот во авионот?” AIRPLANE (1980)

Сподели:

air

Снимањето на овој филм чинело 3,5 милиони долари и било потребно да се сними само 34 денови. Премиерата била на 08-ми март, 1980 година.

 

Името на филмот, на повеќе јазици преведено ги вклучува насловите како: “Летајќи високо”, “Заврзете ги појасите, Ве молам”, “Дали има пилот во авионот”.

 

Заработувачката, за само два дена од прикажувањето, го покрила цел продукциски буџет потребен да се сними филмот.

 

David Letterman и Bill Murray биле на аудиција за улогата на Ted Striker, а Sigourney Weaver за улогата на Elaine Dickinson.

 

a d v

 

 

Во интервју во 2008-та година на Today show, Kareem Abdul-Jabbar (еден од најпознатите американски кошаркари, во пензија) кој го глуми пилотот Roger Murdoch, раскажал приказна кога бил на европски лет и бил замолен да седне на празното место во пилотската кабина при слетување за да може екипата да каже дека летале со Roger Murdoch.

 

1

 

За да земат инспирација за скечеви за ZAZ Kentucky Fried театарот, режисерите на филмот Airplane, Jerry Zucker, David Zucker и Jim Abrahams оставале видео ленти да ја снимаат ноќната програма на телевизиите, по цела вечер, со цел да добијат идеја и да им дадат комична форма на одредени реклами. Така тие, една вечер, го снимиле филмот Zero Hour! (1957), кој што бил крајната основа и инспирација за да се сними Airplane (1980).

 

Човекот, кој на почеток на филмот влегува во такси и кој го поминува цел филм чекајќи, додека таксиметарот работи, се вика Howard Jarvis. Истиот тој, го водел во 1978 движењето за “Предлог 13” во Калифорнија, кое што било иницијатива за заштеда на пари и намалување на данок, кој довел до намалување на јавните услуги во Калифорнија. Jarvis им заштедил на сопствениците на домовите во Калифорнија неколку  илјадници долари, од година, со намалувањето на станбен данок на имот за половина.

 

11

 

 

За караницата помеѓу известувачите за белите и црвените зони на аеродромот, режисерите ги ангажирале истите актери и позајмувачи на глас кои ги имаат снимено известувањата, на аеродромот во Лос Анџелес. На вистинските аеродроми, белата зона е за качување/симнување на патници и нема застанување во црвената зона (освен за транзитните автобуси). Актерите кои што известуваат и во филмот и во реалноста на аеродромот, се во брак и приватно.

 

 

 

 

За познатата сцена каде што 747 авионот слетува и се судира во големите прозори на терминалот, продуцентот Jon Davison, изјавил дека по прикажувањето на филмот добил многубројни писма од различни пилоти во кои што пишувало дека и самите тие биле многу блиску до повторување на таа сцена во вистинскиот живот, додека некои од пилотите и признале дека дошле толку блиску до стаклото со “носот” на авионот.

 

111

 

Продуцентите избрале актори како што се Robert Stack, Lloyd Bridges, Peter Graves и Leslie Nielsen, поради нивната репутација на актери кои што никогаш не играле улоги кои што немаат смисла. Сè до овој филм, овие актери никогаш не снимиле комедија, па затоа нивните “straight – arrow” личности и начинот на кој што ги изговараат своите реплики ја прават цела сатира во овој филм, односно го прават филмот повеќе потресен, но и смешен, истовремено.

 

1111

airplane4

11111

111111

 

Жената која се труди да стави шминка во филмот е всушност вистинската мајка на продуцентите Zucker.    Таа исто така се појавува и во филмските продолженија “Гол пиштол”.

 

“Jive talk” е форма на сленг, поврзана со црните американски џез музичари. Во филмот има дијалог меѓу двајца актери, кои повеќе го импровизираат овој уличен сленг. Во германската верзија разговорот е на Баваријски дијалект, a во италијанската верзија синхронизацијата е направена на Неаполитански дијалект.

 

 

Двете девојки извиднички кои се тепаат во барот, од ретроспективата на Ted Striker, се всушност мажи.

 

 

Otto, авто – пилотот, има своја Facebook страна, посветена на него.

2

 

 

Сподели: