Немилосрдно истребување на рибниот фонд во Охридско езеро

Сподели:

 

Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро, изјавуваат од АМФОРА -Охрид. 
 
За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки. 
 
 
 
 
 
Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро.     
 
Се превземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати?
 
 
 

 

Сподели: