Промената на годишното време бара подготвеност – процес кој започнува со промена однатре. Оваа есен нахрани ја душата со нови мотивациски текстови, пораки и совети кои осветлуваат нови патишта во раните квечерини кои сè повеќе го скусуваат денот.
„Размислувајте како психолог“ е нашиот најнов психолошки водич кој ќе ви даде совети за анализирање на туѓото однесување со цел да ги избегнете недоразбирањата и да остварите полесна комуникација.
На половина цена може да ја најдете книгата „Магијата на верувањето“, која и по 70 години од своето прво издание го задржува приматот на една од најзначајните мотивациски книги на сите времиња!
„Бидете свој психотерапевт“ оваа есен и навистина преземете ја одговорноста за себе и за својот живот во свои раце! Тоа е возможно со советите од книгата на Џенет Рејнвотер, затоа што првиот чекор за себетерапија почнува со читањето на оваа книга!
Во неделниот попуст се и други значајни книги – безвременската „Најголемиот трговец на светот“, смелото продолжение на „12 животни правила“ од клиничкиот психолог Џордан Питерсон, „Надвор од редот“ и „Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ – книга базирана врз истражувањата на д-р Бруер која е погодна за сите нас, за да почнеме вистински да го живееме животот.


