Алтернатива Вести Македонија Ударни вести

Винарија „Венец“ со златен медал за „ Cuvee 56 “ на Decanter World Wine Awards

Сподели:

 

Винаријата „Венец“ е добитник на златен и на бронзен медал на најголемиот и највлијателен светски вински натпревар Decanter World Wine Awards  на кој се оценуваа 18.244 вина од 54 земји.

Виното „ Cuvee 56 “ берба 2018 година освои златен медал, а виното „Темјаника Кориjа“ берба 2021 година е закитено со бронзен метал.

Винаријата „Венец“, како истакнат член на Сојузот на стопански комори е вистински промотор на македонското вино кое според својот квалитет е на исто рамниште со големите светски производители што се докажува со одличниот пласман потврден во селекција правена од 250 меѓународни вински експерти, вклучувајќи 41 мајстор на виното и 13 мајстори сомелиери.

Виното „Cuvee 56“  е направено во чест на годината на формирање на Венец АД во далечната 1956 година. Toa e суво вино добиено со блендирање на сортите вранец (55%), каберне совињон (25%) и мерло (20%) од сопствените насади на винаријата. Се одликува со длабока темно црвена боја. Моќно, но пред се’ елегантно вино, кое изобилува во ароми на зрели црни и црвени капини, модри сливи и цреши и дополнителни ноти на темно чоколадо, листови тутун и сладок корен кои му даваат дополнителна комплексност.

Виното „Темјаника Корија“ потекнува од истоимениот микролокалитет Корија кој се наоѓа во атарот на селото Долни Дисан на 400 м.н.в. Лозовиот насад е стар повеќе од 17 години и го изразува уникатниот карактер на самиот тероар во Дисанијата за сортата Темјаника. Се одликува со светло-жолта боја, арома на свеж босилек и бозел и го прави вкусно и возбудливо за пиење .

Винаријата „Венец“ произведува вино од 1956 година и користи различни рачно изработени, рафинирани техники и со тоа создава традиција повеќе од 50 години за подготовка на вина, а во процесот на обработка посветува особено внимание. Вината на „Венец“ предизвикуваат пријатно искуство и ги оживуваат сетилата со подобрување на аромите и текстурите, притоа откривајќи го уникатното грозје. Компанијата минатата година доби признание за „Македонски квалитет“, кое го доделува Сојузот на стопански комори и Претседателот на РСМ.

Сподели: