Од полноќ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за два денара за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Цените на Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Од полноќ, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 94 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 93,5 денари за литар, додека Еуродизел и понатаму ќе се продава по цена од 93 денари за литар.