Алтернатива Музика и Филм Настани Ударни вести

Официјално отворање на третиот Галичник филм фестивал

Сподели:

 

Извезен под ѕвезденото небо на недопрената Галичка убавина на височина од 1500м2, денес ќе биде свеченото отворање на третиот по ред Галичник филм фестивал. 

Третиот Галичник филм фестивал ќе биде огромен предизвик за изострениот вкус на овие големи уметници, имајќи го предвид фактот дека оваа година во игра се неверојатни 23 филмови кои секој на свој начин доаѓаат со својата единственост и уметничка тежина, но и позадина на веќе нанижани признанија ширум светот, соопштија од фестивалот.

 

 

Како што најавија организаторите, во програмата се филмови кои доаѓаат директно од „Cannes Film Festival“, „Oscars“, „Sundance“, IDFA, „Toronto International Film Festival“ и „Locarno Film Festival“.

Како дел од Галичник филм фестивал, од 3-ти до 5-ти август беше одржана „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски, во рамки на истата учество земаа пет проекти: „Дали е тетка Божана, тато?“ – Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ – Македонија, „Не е добар ден за паркирање“ – Филип Лафазановски – Македонија „Базен-дупка“ – Ана Вуќичевич – Србија, „Брат и Мајка“ – Александар Вујович – Црна Гора, „Цут“- Тамара Брочич.

Фестивалот е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а го реализираат ДАРМА ФИЛМ и МЗ Галичник. Програмата на Галичник Филм Фестивал е бесплатна.

Сподели: