Алтернатива Настани Ударни вести

„Охридско лето“: „Маскерина“ и „Зборувај тивко“

Сподели:

Во „Света Софија“ вечерва ќе бидат претставени две интересни содржини во рамки на „Охридско лето“, со концертот на француското трио „Маскерина“, како и со кабарето „Зборувај тивко“ со најистакнатите дела на германскиот драматург Курт Вајл.

Ансамблот „Маскерина“ составен од француските уметници Себастијан Берета на барокна флејта, Мари Гијоми на виола да гамба и Николас Ватин на теорбо ќе изведат интересна програма на избрани дела на Куперин, Мараис, Монтеклер, Де Висе, Абел, Кванц, Блаве, Феркереи, Мореи.

Веднаш по концертот на „Маскерина“ фестивалските вљубеници во музичко-сценската уметност ќе имаат несекојдевна можност да видат дел од најпознатите кабаретски дела на Курт Вајл, во изведба на српскиот сопран Тијана Ѓуричиќ, нејзиниот сонародник на хармоника Александар Будимир, како и нашата пијанистка Ирина Наумовска.

Кабарето „Зборувај тивко“ е обликувано да ги претстави сите фази на творештвото на Курт Вајл, со посебен акцент на делата настанати пред самото заминување од Германија, делата настанати за време на престојот во Париз и непосредно по доаѓањето во Америка. Така транспарентно тематски, стилски и хармонски се забележуваат интертекстуалните преклопувања на сè она што Вајл би го нарекол „живот“ во траење од 60 минути.

 

Сподели: