Општина Центар: Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

Сподели

 

Градежните активности на улицата „Ленинова“ се одвиваат со интензивна динамика. Во моментов, се уредува горниот строј на улицата и тротоарите. Веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја и се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите, информираат од Општина Центар.

 

Се поставуваат бекатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70% а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули.

По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Безбедна и квалитетна улица изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, се наведува во денешното соопштение на Општина Центар.