Османи во Украина на средба со Стефанчук

Сподели

 

По средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот Османи на која ја изрази својата поддршка за украинската Влада, во рамки на посетата на Украина оствари средба и со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина.

 

 

Во рамки на средбата, Османи ја реафирмираше позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ. 

“Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку компликувани состојбите на терен”, истакна Османи, додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власт околу можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина”.