Отворен ден во “ЛАЈКА” за волонтери и љубителите на кучиња

Сподели

 

 

 
Волонтирањето како дел од активностите на ЈП Лајка има значаен придонес во унапредување на благосостојбата на кучињата во прифатилиштето.
 
Прифатилиштето на ЈП Лајка е отворено за волонтери кои може да помагаат повремено со различни активности според потребата и планот за работа.
 
ЈП Лајка ги поканува сите вистински љубители на кучиња на OТВОРЕНИОТ ДЕН за волонтери на 06.03.2021, сабота, во периодот од 11:00-14:00 часот.
 
Поради почитување на пропишаните мерки за КОВИД-19 Ве молиме пријавете го вашето присуство на volontiraj@lajka.com.mk