Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

Сподели

 

“Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет”, изјави претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.
 
Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата.
 
Денеска, но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор”, изјави претседателот Пендаровски.