Алтернатива Настани

Проекции во Кинотека на “МЕДЕНА ЗЕМЈА”

 

Кинотека, “МЕДЕНА ЗЕМЈА” (Honeyland)

ПРОЕКЦИИ: 7. декември – 20:00 часот, 9. декември – 18:00 часот, 11. декември – 20:00 часот, 12. декември – 18:00 часот, 13. декември – 20:00 часот.

Документарен филм, С. Македонија 2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)

Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)

***

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.

Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.

Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм.

Влезница: 100 денари

Сподели: