Здравје Магазин

Пролетни симптоми за недостаток на енергија и постојан замор

Сподели:

Доколку ви се случува со денови да се чувствувате без енергија и да сакате само да лежите во кревет и да гледате телевизија, тогаш дефинитивно ви треба добра доза за енергија.

Многу луѓе се потпираат на кофеинот и на енергетските пијалаци за да можат да ја завршат својата работа, да функционираат освестено, но сепак со прекумерна употреба настануваат несакани дејства. Шеќерот во крвта може да предизвика уште поголема штета, односно да се чувствувате без енергија. Па, доколку сакате да ја зголемите вашата енергија без никакви несакани последици тоа можете да го постигнете со помош на наредниве неколку витамини.

Витамин Б-12
Истражувањата покажале дека голем дел од луѓето имаат недостаток од овој витамин и токму поради тоа се со ниско ниво на енергија, имаат тешкотии во фокусирањето и чувствуваат трнење во прстите на рацете и нозете. Најголемо количество на Б-12 можете да добиете преку јадење говедско место, скуша, школки, благо тофу, кашкавал и јајца. Препорачана дневна доза од овој витамин е 2,4 микрограми.

И покрај тоа што витаминот Б-12 заслужува своја сопствена категорија, тоа не значи дека и останатите Б витамини не можат да ви помогнат со зголемување на нивото на вашата енергија. Покрај Б-12, останатите Б витамини се тијамин (Б-1), рибофлавин (Б-2), нијацин (Б-3), пантотенска киселина (Б-5), пиридоксин (Б-6), биотин (Б-7) и фолна киселина (Б-9). Овие витамини не само што ќе ви помогнат со енергијата, туку исто така тие се познати и како превентива од напади, кардиоваскуларни болести и депресија. Доколку редовно ги конзумирате, не само што ќе се чувствувате одлично, туку и ќе ја подобрите вашата општа здравствена состојба. Најголеми количества на Б комплекс можете да најдете во спанаќот, лососот, компирите и леќата. Препорачана дневна доза: тијамин – 1,1 микрограми, рибофлавин – 1,1 микрограми, ниjацин – 14 милиграми, пантотенска киселина – 5 милиграми, пиридоксин – 1,3 милиграми, биотин 30 – микрограми и фолна киселина – 400 микрограми.

 

Витамин Д
Витаминот Д не само што ќе ви ја зголеми енергијата, туку и ќе ви помогне при зацврстување на вашите коски и со тоа ќе ви овозможи долг активен живот. Постојат два начини на кои можете да се снабдите со потребното количество од овој витамин во вашето тело. Првиот начин е преку млекото и/или рибата, а другиот начин е преку сончање на топлите и смирувачки сончеви зраци. Доколку решите да се сончате, правете го тоа по 15 минути секој ден.

 

Коензим Q10
Коензимот Q10 е клучен за општото добро здравје бидејќи на базично ниво го одржува функционирањето на вашите клетки. Исто така тој помага при одржување на оптималната работа на вашиот кардиоваскуларен систем, што е многу важно доколку сте редовно физички активни. Производството на коензимот Q10 се намалува како што стареете, додека пак кај пушачите намалувањето е многу поголемо. Коензимот Q10 во поголемо количество може да се најде кај рибите, кај одредени органи (црн дроб и бубрези) како и кај житната храна. Советувајте се со доктор која е најдобрата дневната количина за вас.

Железо
Доколку страдате од хроничен недостаток на енергија, вашиот доктор ќе сака да го тестира нивото на железо во вашата крв. Необјаснивата уморност може да биде предизвикана од недостиг на железо или од анемија.

За да се осигурате дека внесувате доволно железо, јадете црвено месо, жолчки од јајце, суво овошје и житарки засилени со железо. Комбинирајте ги со храна која содржи многу витамин Ц (портокал, диња, зелени пиперки и домати) за да може вашето тело полесно да го впие железото. За таблети со железо консултирајте се прво со вашиот доктор бидејќи тие знаат да бидат многу тешки за вашиот желудник и цревата. Препорачана дневна доза за железо е 500 милиграми.

Магнезиум
Кога станува збор за создавањето на енергија, магнезиумот е токму во центарот. Всушност, тој помага во многу функции на телото – го одржува вашиот крвен притисок стабилен, им помага на нервите и мускулите да функционираат правилно и го израмнува нивото на шеќерот во крвта. Сите овие нешта помагаат да се чувствувате добро и со тоа ви дозволуваат да имате доволно енергија за да го издржите денот. Високо количество на магнезиум можете да пронајдете во бадемите, спанаќот, житото, млекото од соја, лебот, авокадото, црниот грав и путерот од кикиритки. Препорачаната дневна доза магнезиум се движи од 310 до 320 милиграми.

Цинк
За крај, доколку сакате да го одржувате високото ниво на енергија мора да се погрижите дека внесувате доволно цинк во вашето тело. Тој го зацврстува вашиот имунитет, помага при растење и помалку познат факт е дека ви овозможува соодветно да мирисате и вкусувате. Цинкот можете да го внесувате преку остриги, ракови, говедско, свинско и пилешко месо, житарки, јастог, печен грав и јогурт. Препорачана дневна доза е 8 милиграми.

 

 

Сподели: