Промоција на „Скротителка на змејови“ – хаи(бун)наку од Дијана Петкова

Сподели

 

Во Домот за култура „Кочо Рацин“, утре на 19 октомври ќе биде промоцијата на новата книга од Дијана Петкова, хаи[бун]накуата  „Скротителка на змејови“ .

Хаи[бун]наку, е нова кратка/куса форма на изразување – вкрстувачки жанр и може да се каже дека е варијанта на хаибунот, достапна на сите кои сакаат на едноставен начин да му кажат нешто на светот, форма во којашто раскажувачот и поетот во шепот или викот се спојуваат на една страница..

Се работи за егзистенцијалистички, медитативни, па дури и хумористични хаи[бун]накуата; се загледуваат во детството, животот, љубовта, зачинети се со фолклорни примеси и интертекстуално комуницираат со македонската книжевна традиција, тие се и автобиографски, а истовремено и сечиибиографски.

Збирката содржи 64 хаибуннакуа кои ја претставуваат годината на раѓањето на авторката.

За промоција на збирката ќе бидат користени две техники од Плејбек театарот: техниката Глава-стомак и техниката Приказна во приказна. Плејбек театарот е интерактивна форма на импровизиран, спонтан театар, во кој публиката зборува за некој момент од својот живот, чувство, сон, врска, меморија, детали, визија, конфликт – а потоа, на лице место и без глума и договор, актери и музичар сценски ги оживуваат моментите од животот и искуствените приказни од публиката. 

Освен авторката, на промоцијата учествуво ќе земат Наташа Малинка-Миновска – филозоф, Емилија Дамјановиќ – музички педагог и мултидисциплинарна уметница и Тони Шулајковски – сликар.