Вести Македонија

Ракометните репрезентативци од Илинден на прием кај градоначалникот Георгиевски

Сподели:

 

Тројцата ракометари од општина Илинден кои играат во македонската ракометна репрезентација, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски и Давид Савревски денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Поводот за оваа средба е претстојното Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска овој месец.

 

 

Градоначалникот Георгиевски на ракометарите им посака среќа, големи успеси и да ја претстават Македонија во најдобро светло, а во знак на благодарност на македонските ракометни репрезентативци, им подари  благодарници за особен придонес за развојот и унапредување на спортот и промоција на општина Илинден. На Гоце Георгиевски претстојното Светско првенство му е 10-то големо натпреварување, досега има настапено на 5 Европски и ова натпреварување ќе му биде 5-то Светско првенство. Жарко Пешевски досега има настапено на 4 Европски и претстојното Светско првенство ќе му биде 4-то мундијалско натпреварување, додека младиот Давид Савревски е дебитант и тој е иднината на македонскиот ракомет. Градоначалникот Георгиевски истакна дека локалната самоуправа дава максимална поддршка на спортот, како на индивидуалните така и на колективните спортисти. 

Машката сениорска репрезентација е дел од групата “Ф“ заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите ќе се играат во Краков, Полска, а првиот натпревар ќе го играат на 13 јануари против екипата на Норвешка. Вториот натпревар е на 15 јануари со Холандија и на 17 јануари со Аргентина во групната фаза.

Сподели: