Алтернатива Настани

Рацин меѓу младите – 80 години “Бели мугри” од Кочо Рацин

Сподели:

 

Денеска во ОУ “Кочо Рацин”- Охрид, во организација на Фондацијата “Ангеп Петров” и Општина Велес, со ликовна постановка на дваесет Рацинови портрети од Ангел Петров, се заокружува културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин.

Изложбата, досега ја посетија повеќе училишта кои го носат Рациновото име низ земјата.

Во културната иницијатива: Осумдесет години ”Бели Мугри” од Кочо Рацин, учество зедоа повеќе од 3000 посетители – ученици. Од нив педесетина беа наградени за литературниот и ликовен конкурс, за кои организаторот, Фондацијата “Ангел Петров”, од Велес, за најдобрите обезбеди благодарници и книги.

– Дали оваа културна иницијатива, односно Ликовна изложба ја постигна едукативната цел кај учениците? Секако да, за што зборува големиот интерес, посетеноста и вниманието што  го доби изложбата, како и уште поголемото учество на распишаните конкурси – литературен и ликовен, појаснува Светлана Петрова од  Фондацијата “Ангеп Петров.

Веле Митаноски

Сподели: