СДСМ: Миноски ќе го објасни и денешното ново задолжување на граѓаните од 10.4 милиони евра повеќе од потребното, на денови пред новата Влада!

Сподели

Техничкиот министер за финансии, Кирил Миноски мора да им објасни на граѓаните зошто денеска ги задолжи граѓаните на Р.Македонија за 10.4 милиони евра повеќе од потребното, на денови пред формирањето на новата Влада.

На денешната аукција на домашни хартии од вредност, Министертсвото за финансии запиша нов долг од 20.9 милиони евра, иако за враќање оваа недела доспеваат само 10.5 милиони евра.

Укажуваме дека следува период во којшто темелно ќе се преиспитаат сите нетраспарентни задолжувања направени на товар на граѓаните. За сите евентуални злоупотреби на пари на граѓаните ќе следува одговорност.