Вести Македонија Ударни вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го опустоши системот за социјална заштита

Сподели:

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го опустошуваше системот на социјална и детска заштита и ги маргинализираше најсиромашните додека парите на граѓаните ги трошеше за луксуз, барок, споменици и криминално богатење на фамилијата.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за социјално ранливите граѓаните, кога токму таа партија цела деценија ја користеше социјалната помош како средство за уцена на гласачите, а најранливите граѓани ги злоупотребуваше во партиски цели.

Владата предводена од СДСМ воспоставува систем што трајно ќе ги извлекува граѓаните од сиромаштија. Се работи на системска реформа на системот за социјална заштита и веќе од наредната година ќе биде донесен нов Закон за социјална заштита каде што ќе биде воведена и Програмата за минимален адекватен приход.

Преку Програмата, лицата кои живеат во сиромаштија ќе добијат паричен надомест како надополнување на нивниот приход, со цел да бидат извлечени од состојба на сиромаштија, однсоно секое четиричлено семејство кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добие 12.000 денари месечно, а семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа Програма.

Сподели: