По утринскиот состанок со повеќе здруженија на пациенти, кои денес изразија отворена поддршка за медицинските сестри, Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – предводена од ЗМСТАС „За Нас“, ќе одржи ИТЕН ПРЕС на кој ќе се обрати претседателката м-р Гордана Бешлиовска и членови за Здруженијата на пациенти, информираат од ЗМСТАС.
Прес-конференцијата ќе се одржи денес во 11 часот.
Повод за итниот прес е исклучувањето на медицинските сестри од работните групи за подготовка на новиот закон што директно ја засега сестринската професија. Овој чин претставува игнорирање на професионалците кои се темел на здравствениот систем и кршење на претходно договорената соработка со Министерството за здравство.
По состанокот со претставниците на пациентските организации, кои најавија дека стојат рамо до рамо со сестринството во оваа борба за достоинство и застапеност, ќе бидат презентирани заедничките ставови и барања до институциите, информираат од ЗМСТАС.


