Скопската зоолошка со нова, модерна веб страна достапна 24/7

Сподели

 

ЗОО Скопје ја лансираше својата новодизајнирана веб-страница, осмислена и изработена од тимот на маркетинг агенцијата Division.

Илустративно богата, наменета за сите генерации на авантуристи, оваа веб страница е своевидна модерна, дигитална зоолошка градина. Прошетајте низ неа и истражете ги животните, настаните, едукативните ресурси и целата останата забавна содржина на www.zooskopje.com.mk

 

 

 

На пошироката јавност и е добро познато дека зоолошката е отворена секој ден, 365 дена во годината, но сега, во својата интернет верзија е достапна и во секое време од денот. Содржината на веб-страницата е детална, внимателно осмислена и пред се корисна за секој нејзин посетител.

“Од првичните скици до лансирање на сајтот, го дотеравме секој пиксел за да обезбедиме визуелно привлечен и лесен дизајн. Резултатот? Енергична и интерактивна веб-страница која ги прикажува изложбите, настаните и едукативните ресурси на ЗОО Скопје како никогаш досега. Со цел да изнудиме насмевка на лицата на посетителите, го трансформиравме дигиталниот простор во извонредна авантура која е достапна на само еден клик. Во овој проект креативноста и функционалноста се спојуваат за да создадат уникатно корисничко искуство!” – велат од Division.

Особено е практично што на самата страница, посетителите ќе може и да си купат однапред карти,да резервираат роденденска забава за своите најмали, но и да се пријават за волонтирање во зоолошката. Едукативниот дел е наменет за најмалите, но и за сите останати кои сакаат да дознаат повеќе факти за омилените животинчиња од зоолошката. Штом влезете во нивниот свет, ќе посакате да истражувате со часови!

Скопската зоолошка немаше своја веб страница веќе две години, па токму затоа се одлучија за соработка со врвно професионален тим кој се погрижи новата веб страница да ги содржи апсолутно сите корисни информации, да е лесна за навигирање, но  и визуелно впечатлива.

“Со овој чекор, ЗОО Скопје само уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон нејзиното модернизирање и следење на трендовите во дигитализацијата. Секогаш отворена кон барањата и потребите на своите посетители, скопската зоолошка ве повикува да ја разгледате новата веб-страница и да го откриете магичниот свет на животинското царство”-порачуваат од Зоолошката градина Скопје, и секако дека интернет страницата ќе придонесе до уште поголем контакт на ЗОО Скопје со јавноста.