„SKOPJE AIR FAIR 2025“ во Градски парк

Сподели:

Здружението за подобра авијација АВИКОН со голема чест го најавува одржувањето на јубилејното петто издание на воздухопловно – едукативен саем SKOPJE AIR FAIR 2025www.avicon.mk

Настанот ќе се одржи оваа сабота, на 25 октомври 2025 година, со почеток во 11 часот, на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк во Скопје.

Под мотото „Делуваме денес – за воздухопловството утрe!”, саемот претставува централно место за професионална ориентација на младите и уникатна можност за сите посетители да се запознаат со авијациската индустрија во земјата.

Што нуди SKOPJE AIR FAIR 2025?

SKOPJE AIR FAIR 2025 e преставување на воздухопловни професии на младите – од пилоти и стјуарди, преку контролори на летање и воздухопловни метеорлози, техничари, па сѐ до инженери и оператори со дронови. Саемот е особено наменет за средношколците и студентите кои размислуваат за кариера во авијацијата. На едно место, посетителите ќе може да се сретнат и да комуницираат директно со професионалци и претставници од сите клучни воздухопловни ентитети, вклучувајќи ги:

WIZZ AIR Pilot Cadet Program (Унгарија), Агенција за Цивилно Воздухопловство, Siberi Fly (Италија), ТАВ аеродроми, Аеро Клуб Скопје, Професиите од системот на Контрола на летање преку М-НАВ а.д Скопје и здруженијата ЗКЛМ, ЗВММ и ЗВТПСКЛ,  Аеро клуб Штип, DroneBuzz (Сертифициран тренинг центар за летање со дронови), Воена Академија, Хеликоптерска единица Јастреби при МВР кои и ќе слетааат со својот Bell412 хеликоптер, Дирекција за Заштита и Спасување (кои се задолжени за гаснење на пожари со ер трактори), Ад Вербум (сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик), Ваздухопловна Академија Београд (Србија), Макетрски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, Римин Аир, Воздухопловна Федерација на Македонија, Едукативен Центар Шаботиќ и други…

Пријатели на овој настан се Град Скопје, City Radio, Кожувчанка, Мако Маркет, Доминг Радовиш, Ад Вербум, DroneBuzz, АутизамААМК, и Центар Гнездо

Здружението АВИКОН упатува топол повик до сите граѓани, млади, семејства и љубители на воздухопловството да ја посетат оваа манифестација во Градски парк оваа сабота.

„Пет години посветеност на едукација и промоција на воздухопловството! Дојдете да бидете дел од најголемиот воздухопловно-едукативен настан на отворено и да добиете инспирација за вашата идна кариера“, изјавија од Здружението АВИКОН.

Влезот за сите посетители е слободен. А локацијата Вембли во Градскиот Парк е тревната површина помеѓу Фонтаната и Езерцето а ќе биде воочлива и егзотична бидејќи ќе има Полициски Хеликоптер Bell412 слетан во Градскиот Парк.

Сподели: