Скопско астрономско друштво: Целосно затемнување на Месечината и најсјаен Марс

Сподели

 

Скопско астрономско друштво, 27. јули – Целосно затемнување на Месечината и најсјаен Марс

Утре, на 27. јули во организација на Скопско астрономско друштво ќе биде организира многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во тек на истата вечер, ќе имаме можност да набљудуваме два исклучително ретки астрономски настани: целосно затемнување на Месечината, и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо.

Дојдете со нас на Плоштад Македонија во петок (27.07.2018), за заедно да уживаме во овој единствен настан. Се собираме нешто пред 20:30 часот, ги местиме телескопите и се подготвуваме за целовечерно уживање во неповторливото астрономско случување.

Сè што ќе ни биде потребно за да си поминеме убаво, е ведро небо. Ве очекуваме!