СмартАП тековни активности

Сподели

Изминатиот период нашиот #СмартАП Тим неуморно работеше на бројни активности од областа на образованието, со цел да придонесеме кон подобрување на образованието во нашата држава преку поттикнување на создавање и одржување безбедна и здрава училишна средина, како и поттикнување на едукаторите да продолжат сп надоградување на своите знаења и вештини.

Промоција на безбедна училишна средина

Веќе неколку месеци активно работиме на спроведување активности во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Изминатите два месеца одржавме 10 работилници во 10 основни и средени училишта низ нашата држава. Преку овие активности директно ги запознавме учениците, како и наставниците и останатите стручни соработници со основите на безбедната училишна средина.

Целта на овие работилници беше учениците да се запознаат со процесот на дизајнерско размислување, како би можеле да го применат во решавање различни предизвици од нивната училишна средина.

Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме „Тренингот за сајбер безбедност за едукатори“ со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови, како за едукаторите, така и за учениците и родителите како дел од познатиот триаголник: наставник-ученик-родител.

Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:

1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM https://tinyurl.com/srh35763

2. Преку YouTube каналот на СмартАП:

– на македонски јазик: https://tinyurl.com/mrakrr97

– на албански јазик: https://tinyurl.com/3unw9eph

#НапоменаИако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка. Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.

– Пријавувањето е задолжително и ќе биде отворено до почетокот на самиот настан. Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.- За регистрирање на настанот, отворете го следниот линк за ZOOM регистрација: https://tinyurl.com/srh35763