Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Спасовски за „Политика“ за Самитот на ОБСЕ во Скопје: РС Македонија мисли глобално

Сподели:

 

Во денешниот број на белградска „Политика“, на тема Самитот на ОБСЕ чиј претседавач е Република Северна Македонија, а од 28 ноември до 1 декември се одржува во Скопје, во која се обработува политичкиот контекст на овој, 30-ти по ред Министерски совет на ОБСЕ и неговото значење за иднината на оваа најголема регионална безбедносна организација, преку предзнакот „историски“, опфатен е и сегментот околу организираните мерки и активности со цел безбедно и непречено одржување на овој досега највисок собир кој се одржува кај нас, кои се во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

Наведувајќи во текстот дека во главниот град на РС Македонија на сила се исклучителните мерки од трет степен на безбедност поради собирот на кој се најавени околу 70 делегации со околу 1.000 учесници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше запрашан за важноста, односно историското значење на 30.Министерски совет на ОБСЕ, како платформа за дијалог меѓу земјите учеснички, а во контекст на глобалните геополитички збиднувања.

 

„Северна Македонија мисли глобално, уверена дека само дијалогот носи резултати; кога ќе седнеме на иста маса, тоа значи дека сме подготвени да разговараме за сите прашања, дури и ако конверзацијата не донесе брзи резултати. Сите треба да ги имаме глобалните предизвици во својот фокус: нема тука мали и големи луѓе, народи или држави“, се вели во изјавата на  министерот Спасовски, дадена специјално за белградска „Политика“, во контекст на темата посветена на 30.Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.  

Сподели: