СРЕЌНАТА ПРИКАЗНА НА КУЧЕТО БОШКО

Сподели

 

Приказните за напуштените кучиња низ нашиот град немаат крај, но за среќа приказната за кучето Бошко сепак има поинаква судбина благодарение на заложбите на тимот вработени во прифатилиштето на ЈП Лајка.

 

Малиот Бошко кој е микс од малтешка пудла, беше пронајден пред околу еден месец од нашиот тим на едно од скопските складишта за отпад, напуштен, прегладнет, премрзнат, валкан и уплашен. Неоставајќи не рамнодушни Бошко беше веднаш земен и згрижен во прифатилиштето на ЈП Лајка, каде во ветернинарната служба му беа направени сите потребни испитувања. Благодарение на грижата на целиот ветеринарен тим кој му овозможи на Бошко успешно да го помине целиот хуман третман, како и посветеноста, негата и љубовта на негователите на ЈП Лајка под чии што надзор и контрола беше постојано состојбата на Бошко, по само неколку недели видно можеше да се забележи неговиот позитивен напредок и трансформација.

 

 

Од незгрижено и напуштено куче, денес малиот Бошко секојдневно добива прошетки, внимание и нова поубава шанса за живот, а за возрат ни дава неизмерна љубов и радост. Бошко го има поминато комплетно целиот хуман третман, има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија, вакциниран од беснило и заразни болести, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, избањат и со стекнати хигиенски навики. Овој пресладок миленик кој обожава да се гушка и гали, со нетрпение чека да израдува нечие семејство. За вдомување на Бошко можете да испратите апликација на нашата електронска адреса vdomi@lajka.com.mk.

 

Да креираме заедно многу среќни приказни. Секое вдомено куче, значи едно куче помалку на улица.

ВДОМИ КУЧЕ, ВДОМИ ЉУБОВ!