Статуафест – Скопје на улица

Сподели

 

„Статуафест другото лице на улицата“ именуван како „Скопје на Улица“, како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни. Улица Македонија, 17 и 18 септември.
 
Оваа година ќе раскажува за она што всушност живее Скопје, односно, какви сме сите ние во овој град, кога наутро, напладне или навечер брзаме кон накеде или се враќаме од некаде, трчаме – одиме бавно, зборуваме на телефон, возиме велосипед, тротинет, јадеме (на сред улица), свириме… кои сме всушност ние и зошто сме тука во овој град, и како истиот го оддржуваме и се грижиме за него сите заедно, кој повеќе, кој помалку, но, сепак, сите еднакво го сакаме.
 
Како и сите останати градови така и нашиот град – Скопје сака да биде милуван од сите нас и, наша основна задача е да бидеме грижливи кон него бидејки тој е се’ она што ние го имаме и се’ она на кое ние се потпираме, каде се бидуме, чекориме, дишеме, се смееме, плачеме….
 
Скопје е Љубов
Скопје е џез и блуз
Скопје е стотројка
Скопје е книга (никогаш завршена)
Скопје е прошетка
Скопје е прегратка
Скопје сме ти и јас
Скопје е се’
Скопје е… ехххххххх
 
Фестивалот е поддржан во целост од Град Скопје, а помагач е Театар за деца и младинци.
Програмата ќе се одвива во согласност со сите пропишани КОВИД19 протоколи.