Терористички акт во Санкт Петербург – 10 лица загинати и 47 повредени

Сподели

Десет лица загинаа, 47 се повредени, а 39 се хоспитализирани во експлозија во метрото во Санкт Петербург, при терористички акт од бомбаш самоубиец, јавија руските медиуми.

Властите го утврдиле идентитетот на осомничениот за нападот во метрото кога меѓу две станици, најверојатно во тунел, дојде до експлозија, изјави извор за Интерфакс. Според доказите, експлозивната направа во метрото ја внел во ранец.

Претходно Ројтерс пренесе дека напаѓачот бил поврзан со радикална исламистичка група забранета во Русија.

Во метрото првобитно затворени биле осум станици на сината линија, и извршена била итна евакуација, а потоа властите одлучиле целосно да го затворат овој вид на транспорт.

Претседателот Путин вчера вечерта одржа состанок со разузнавачките служби поради нападот и положи цвеќе на местото на експлозијата. Градските власти на Санкт Петер бург прогласија тридневна жалост.