На 26 октомври РУТА започнува со „Црно злато“ на Београдско драмско позориште, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ.
Београдско драмско позориште, Србија – 26 октомври (понеделник), 20 часот, Драмски театар Скопје
Во центарот е дисфункционално семејство и стар конфликт меѓу таткото и детето кое по долгогодишно отсуство се враќа дома како успешна жена. Претставата отвора прашања за идентитетот, припадноста и промените што средината тешко ги прифаќа, во свет обременет со патријархални кодекси, стереотипи и предрасуди. Во режисерскиот пристап се судираат апсурдот, мелодрамата, црната комедија и мјузиклот.
„Црно злато“ носи и силен ансамбл со низа препознатливи имиња од белградската театарска, филмска и телевизиска сцена. Милутин Милошевиќ и Наташа Марковиќ ги играат родителите во центарот на приказната, Ања Ќурчиќ ја толкува Ангела, а во актерската екипа се и: Јана Милосављевиќ, Милан Зариќ, Амар Ќоровиќ, Бојана Стојковиќ, Љубомир Булајиќ и Ана Јанковиќ.
Фестивал РУТА Скопје. Програма dramski.mk/ruta
Билетарница 076 43 43 43 Билети shorturl.at/tuxXx


