Угина жирафата Каспер во ЗОО Скопје

Сподели

 

Утрово угина жирафата Каспер, која имаше 12 години, соопштија од Зоолошката градина Скопје.

Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, ќе Ве информираме за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители.

Каспер беше во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгард, каде бил од неговото раѓање на 21 јули 2011 година. 

“Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. 
Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет
Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана”, објавија од ЗОО Скопје.