„Графички приказни“ – изложба на Стефан Јакимовски

Сподели

 

„Графички приказни“ – изложба на Стефан Јакимовски, на 18 мај во 19:30 часот во фоаје на Центар за култура Трајко Прокопиев – Куманово.

Стефан Јакимовски е уметник кој со својот приказ и експресија на делата го поместува реалното и имагинарното и постојано е во потрага по нови прикази на своите дела кои ги следи и вклопува во модерните текови.
Разбирливи, едноставни, а сепак совршено вклопени во една уметничка целина.

Стефан Јакимовски е редовен професор е на Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН-Универзитет и основач на катедрата за графички дизајн на истиот факултет.

По покана одржува гостински предававања на Балкански универзитет-Скопје, Универзитет Мајка Тереза-Скопје но и научно-истражувачка посета на IT-University of Chopenhagen-Данска одеел за дигитален дизајн.

Предава предмети од областа на графика, графички дизајн, типографија, плакат, корпоративна комуникација и друго. Автор е на многу графички решенија и учесник на меѓународни конкурси,симпозиуми и изложби. Јакимовски е член на повеќе стручни жири комисии,рецезент на книги за средно стручно образование и ментор на наставни и вон наставни проекти. Јакимовски за својата досегашна работа има добиено многу награди и признанија.