Збирка поезија „Мостови на пријателството 3“ по повод Денот на Бошњаците

Сподели

 

Промоцијата на збирката поезија „Мостови на пријателство 3“, во издание на Диван, ќе се одржи во четврток на 26.09.2019. година, со почеток во 19.00 часот во Ликовниот салон во Велес, по повод одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“. .

Песните се напишани на босански и македонски јазик. Во книгата се застапени песни од 51 автор, на 188 страни се наоѓаат стихови кои градат мостови на љубов и разбирање помеѓу луѓето во нашата земја, регионот и пошироко.

Иницијатива и идеја за веќе трета радост со која се спојуваат луѓето, создаваат пријателства и шират позитивни пораки преку пишаниот збор е на Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ. Ехото кое одекнува благодарение на Здружението Диван продолжува. Ова дело е трета цигла вградена во мостот што спојува култури, а квалитетот е основна мерка за вредност. Ширината и длабочината се антологиски, присатна во секоја песна, во секој стих.“ – стои во дел од рецензијата на најпознатиот бошњачки писател од Македонија, Шефкија Боранчиќ.