Зимата започнува денеска

Сподели

 

Денеска е 21 декември 2022 година, 355-иот ден во годината.

Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнува вечерва, во 22 часот и 48 минути. Во исто време на јужната Земјина полутопка почнува летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.