Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско.
Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител.
Тројца возачи управувале патничко возило под дејство на алкохол, при што претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. Станува збор за С.С.(43) од село Биљановце, кумановско, Х.Ј.(39) од село Драмче, кичевско, и Д.Ц.(31) од село Осиче, кривопаланечко.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана за управување со моторно возило. Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.
фото МВР


