Алијанса за Албанците ги поддржува инвестициите за реставрација и промоција на културното наследство на Скопското кале, но бара новите музеи да не ги повторуваат практиките од последните 24 години, кога албанскиот јазик често бил запоставуван, а историјата била претставувана на едностран начин.
Бараме целосно почитување на двојазичноста во називите, информативните табли, описите на експонатите, промотивните материјали и дигиталните содржини, како и научно засновано претставување на историјата и археолошките факти, без искривувања и присвојувања, со особено внимание на терминологијата.
Бараме вистинско вклучување на албанските историчари и археолози во процесот на одлучување, од музејскиот концепт до проверката на содржините.
Алијанса за Албанците го повикува ВЛЕН активно да се вклучи уште сега и нагласува дека грешките мора да се спречат пред завршувањето на проектот. Скопското кале е заедничко наследство и како такво треба да биде претставено, особено во пресрет на Скопје 2028, Европска престолнина на културата.


