Читалните во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје затворени за корисниците

Сподели

 

Согласно мерките и препораките од Владата (по предлог заклучоци од Комисија за заразни болести) донесени на ден 10.03.2020 година ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, донесе одлука дека Библиотеката нема да работи со корисниците на читалните, односно ќе бидат затворени. Одделите за издавање на книги ќе си работат со нормално работно време. Одлуката стапува во сила веднаш.

За престанокот на оваа одлука дополнително ќе бидете известени согласно состојбата и препораките – се наведува во соопштението на Град Скопје.