Денеска започнува конференцијата „Women in Digital 2021“

Сподели

 

Денеска во 13 часот, започнува третата годишна конференција „Women in Digital 2021“, со онлајн дебата на тема „Вештачката интелигенција и развојот на работните вештини во дигиталната ера“.

Истакнати жени–професионалци од реномирани македонски и странски компании ќе дебатираат за потребата од вештачката интелигенција, нејзината примена во работата, како и неопходниот развој и усовршување на потребните вештини за работа.

 

 

Потребата од вештачката интелигенција и нејзиниот развој

  • Развој на вештачка интелигенција
  • Колку светската пандемија го забрза развојот на AI
  • Кои се придобивките од вештачката интелигенција

Влијанието на вештачката интелигенција на бизнисите

  • AI и имплементација на автоматизација во различни индустрии
  • Дали локалните бизниси прифаќаат напредни решенија за AI во работењето
  • Колку е важна науката за податоци за компаниите во новото време

Потребата од развој на нови вештини за работа

  • Како развојот на вештачката интелигенција влијае на работната сила
  • Пополнување на јазот – како да се едуцира работната сила за справување со предизвиците на новото време користејќи AI

Конференцијата во организација на телекомуникациската компанија А1 Македонија, и  за првпат ќе се емитува во живо преку професионалната мрежа LinkedIn на следниот ЛИНК.