Филипче: Само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред со Алта Банка

Сподели:

Црна Гора, по Србија, тукушто ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group. Само кај нас Мицкоски и Славески ги убедуваат граѓаните дека сè е во ред. Ништо не е во ред, изјави Венко Филипче.

Уште во декември лани им рековме на граѓаните дека ова е пералница за пари на Вучиќ.

До вчера Народната банка не мрдна. Со денови бараме реакција – дури денес прва реакција. Компаниите слободно да префрлаат пари. Граѓаните не можат.

Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чека со часови.

Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Не. Ова е мерка да се заштити капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити се заробени.

Гувернерот молчи: колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија за Москва? Сега кога ја презедоа контролата, не можат да кажат дека не знаат.

Ако банката е во „одлична форма“, како што вели Мицкоски – зошто им е запрена исплатата на граѓаните?

Итно да реагира полиција и обвинителството. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда, додаде Филипче.

Сподели: