Вести Македонија Ударни вести

Град Скопје: Целосно расчистена депонијата под Кале

Сподели:

 

Екипите на Град Скопје деновиве целосно го расчистија просторот под скопското Кале кој до пред само неколку недели беше претворен во дива населба и дива депонија и претставуваше извор на аерозагадување, поради огновите што се палеа на отворено.

 

 

Бидејќи локацијата е всушност приватна сопственост, Градот Скопје ги задолжи сопствениците да си го оградат местото и ги предупреди дека во иднина тие се одговорни да ја одржуваат хигиената на парцелата.

 

 

Градот Скопје најавува засилени контроли и ригорозни казни за оние што ќе дозволат на своите парцели да се трупа ѓубре и да се создаваат диви депонии кои ја загадуваат и нагрдуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

 

 

Сподели: