Вести Изјави Македонија Ударни вести

Затворено градилиште позади Универзална сала

Сподели:

 

Вчера вечер, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала.

„Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите“, изјави Герасимовски.

Инвеститорот Бинјапи Инжинеринг има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

По извршениот увид од страна на градежен инспектор од Општина Центар, градилиштето вчера наутро беше затворено. Инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лента и продолжил со градење. 

По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација.

Сподели: