Ханс-Јоаким Вацке: Во шок сме, Бартра е итно хоспитализиран

Сподели

Ханс-Јоаким Вацке, извршниот директор на Борусија од Дортмунд, вчера по експлозијата која се случи во близина на клубскиот автобус, изјави дека се во шок и дека е во прашање бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Експлозијата се случи пред натпреварот со Монако во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вацке истакна дека на автобусот е изведен бомбашки напад и дека е причинета материјална штета.

Според неговите зборови, нападот е изведен на автобус веднаш на излезот од хотелот во кој биле сместени играчите на клубот. Вацке потврди дека е повреден фудбалерот Марк Бартра кој итно е хоспитализиран.

И тренерот на Борусија Дортмунд Томас Тучел изјави дека се во шок. Изрази надеж дека утре, за кога е одложен натпреварот, ќе покаже добар перформанс.