Алтернатива Настани

Кино Култура: Промоција на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска

Сподели:

Кино Култура,  20. април, Промоција на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска

Промотори на книгата се Влада Урошевиќ и Владимир Мартиновски, извадоци од книгата ќе чита актерката Симона Димковска, а настанот визуелно ќе биде збогатен со фотографиите на Зоран Ричлиев.

Оливера Ќорвезироска (1965) е македонска писателка и критичарка. Основно и средно образование завршила во родниот град Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи. Застапена е во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, турски, чешки, српски, словенечки, бугарски, полски и руски јазик. Повеќекратен добитник е на значајни награди за расказ во Македонија, а за „Сплетени раскази“ во 2003 год. ја има добиено наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија „Стале Попов“. Ќорвезироска е авторка е на следниве книги: „Трети кат“ и „Високите бели“ (поезија), „Кифличката Мирна“ и „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (романи за деца); „Дедо Миле“ (сликовница заедно со Глигор Костовски-Гишо), „Отвораат ли сништата работа“ и „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика), „Заклученото тело на Лу“ (роман за возрасни), „Страдањата на младиот лектор“, „(С)плетени раскази“, „Две перници“, „Новелички без шеќер“ и „(Со)шиени раскази“ (раскази за возрасни).

Сподели: