На вчерашната седница на Советот на Град Скопје на дневен ред беше и Предлог одлука за обезбедување на финансиски средства за онколошките пациенти.
Советничката група на Левица даде поддршка и гласаше ЗА за оваа точка, но исто така истакнавме дека сумата која што им се дава на онколошките пациенти е мала и затоа предлагаме истата да биде зголемена со следниот Ребаланс.
Советничката Катерина Јовановска истакна:
“Ние како и за предходните две одлуки за онколошките пациенти и овој пат ќе дадеме поддршка за доделување на финансиска помош, но сметам дека сумата од 6.000 денари е мала и истата треба да се зголеми.
Ако може општина Карпош да доделува по 30.000 денари како финансиска помош за онколошките пациенти, тогаш и градот Скопје, како единица на локална самоуправа со поголем Буџет, да го зголеми овој износ и да даде поголема финансиска помош за овие пациенти“.
Левица ќе продолжи да се бори и да гласа ЗА секоја мерка што ќе ја олесни макотрпната борба на онколошките пациенти – и на локално, и на централно ниво!


